Реал Мадрид нуди двајца фудбалери на Валенсија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид летово донесе неколку квалитетни засилувања, на кои потроши неверојатни 300 милиони евра, па јасно е дека сега ќе мора да продаваат дел од фудбалерите, кои нема да ги користат во следната сезона.

Еден од тие кои ќе го напушти клубот е Хамес Родригез, но шпанските медиуми пишуваат дека „кралевите“ денеска понудиле двајца свои фудбалери на Валенсија.

Шпанските медиуми пишуваат дека Серхио Регилон и Лукас Васкез ќе го напуштат „Сантијаго Бернабеу“ и ќе се преселат на „Месталја“.

Засега не се открива колку пари бара Реал за своите фудбалери, но најверојатно наскоро ќе дознаеме, откако Валенсија ќе ги потврди нивните трансфери, секако доколку се реши на таков чекор.