Буфон доби интересен договор со чудни услови од Јувентус

Легендарниот италијански чувар на мрежата, Џанлуиџи Буфон наскоро се очекува да се врати во Јувентус, со кој ќе потпише едногодишен договор, според кој ќе заработи 1,5 милиони евра, а медиумите од Апенините откриваат интересни детали од нивната соработка.

Италијанските медиуми пишуваат дека Буфон добил гаранција дека ќе настапи на десет меча во следната сезона, а од тоа осум ќе бидат во Серија А и два во Лигата на шампиони.

Секако, по завршување на договорот, Буфон ќе се повлече од фудбалот, па ќе добие некоја функција во екипата на Јувентус, а засега не се откриваат повеќе детали која позиција би можел да ја добие Италијанецот.