Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Металург се засили со ракометарот на Сесон Рен, Немања Младеновиќ.
Младеновиќ има 22 години, може да игра како среден и лев бек, а во кариерата има играно само за 2 клуба. Пет години играше во Гумерсбах, а последните две сезони беше дел од францускиот клуб, Сесон Рен.
Немања Младеновиќ потпиша 2-годишен договор со македонскиот клуб.
„Металург се уште е големо име кое значи во европскиот ракомет. Ме привлече можноста да работам со стручњак од калибарот на Лино Червар, како и можноста да играм во две силни лиги, Лигата на шампионите и СЕХА-лигата, а тоа ретко кој клуб може да го овозможи. Во Металург препознавам млад и амбициозен тим, кој има многу простор за напредок, и јас сакам да бидам дел од еден таков проект“, изјави Младеновиќ.