Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рафаел Бенитез пред неколку дена и официјално остана без работа откако не му беше продолжен договорот со Њукасл.
Сепак, шпанскиот стратег немаше многу потреба за загриженост затоа што веднаш пронајде нов клуб кој ќе го води оваа сезона.
„Скај Спортс“ дознава дека Бенитез потпишал богат договор со кинескиот тим на Далијан Јифанг.
Во Њукасл, Бенитез заработуваше по шест милиони фунти годишно, додека во Далијан ќе заработува 12 милиони фунти годишна плата, што е двојно повеќе од тоа што го земаше на Островот.