Суперлигата стартува на 17 септември


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес беше потврдено кога ќе почне македонската Суперлига.

Првото коло ќе се одигра на 17 и 18 септември, а есенскиот дел ќе заврши на 10 или 11 декември.

Во првото коло ќе се сретнат:

Пелистер – Еурофарм Работник

Прилеп – Вардар Јуниор

Пролет – Металург 2/Преспа

Радовиш – Борец

Работнички – Охрид

Металург и Вардар ќе им се приклучат на најдобрите 4 екипи дури во плејофот.

Ново е што ќе се игра Суперкуп помеѓу победникот на првенството и победникот на Купот или финалистот.

Победникот на Купот ќе обезбеди пласман во Челинџ Купот.