Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓
Тренерот Антонио Конте летово го посакува Ромелу Лукаку, откако го отпишал Мауро Икарди од редовите на Интер.
Интер, наводно, е во преговори и со Един Џеко, но голема желба на Конте му е Лукаку.
Манчестер јунајтед за Белгиецот бара околу 70 милиони евра, а Интер има пари, но би сакал да направи трампа за Лукаку.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Интер ги понудил Мауро Икарди и Раџа Наинголан за Лукаку, но наводно клубот од Манчестер ја одбил понудата.
Засега останува нерешена иднината на споменатите фудбалери, а најверојатно до крајот на летниот преоден рок ќе бидат појасни многу детали околу иднината.