Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Икер Касилјас нема да се врати сезонава на фудбалскиот терен, иако сакаше да ја продолжи кариерата, сепак инфарктот очигледно му направи големи проблеми.
Касилјас ќе остане во Порто, па ќе стане тим-менаџер, задолжен за комуникацијата меѓу тимот и управата. Тоа е решение да остане во фудбалот, но и да оздрави од срцевиот удар.
Шпанецот не сака да стане тренер, па поради тоа Порто сака да го задржи и му ја понуди работата во стручниот штаб на португалскиот гигант.
Таа функција ќе ја извршува до крајот на следната сезона, по што ќе биде познато дали ќе остане во фудбалот или ќе замине.
Porto confirma retirada de Iker Casillas. https://t.co/X7nY2j5BSm
— Vitor Nicchio Casotti (@VitorNC8) July 15, 2019