Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дека Нејмар сака да ги напушти редовите на ПСЖ не е никаква тајна.
Бразилецот во рекорден трансфер од 222 милиони евра премина во ПСЖ во 2017. година, но во францускиот клуб не се снајде најдобро. Тој и понатаму е во сенка на Меси и Роналдо, притоа не успеа да ја освои и ЛШ, а на сево ова дојдоа и тужбите за силување во кои неодамна се најде.
Медиумите во Франција пишуваат дека Нејмар е одлучен да го напушти клубот, а ова го потврди и тренерот на ПСЖ, Томас Тухел.
„Секогаш сум разочаран кога некој играч касно доаѓа на припреми. Сега се е на клубот и на Нејмар. Знаев дека сака да замине и пред Копа Америка. Јас сум тренер тој е мој играч. Доколку остане ќе работам со него. Но, спремен сум на се и морам да се прилагодувам секој ден“, изјави Тухел.
Тренерот на ПСЖ не говореше во кој клуб Нејмар сака да отиде, но се шпекулира дека тоа е Барселона. Барса има огромен буџет од 100 милиони евра, а бидејќи Нејмар вреди повеќе, ќе се обидат да ги вметнат во трансферот Кутињо и Ракитиќ.
Во игра исто така е и Реал Мадрид кој последните години срамежливо го заведува преку Флорентино Перез.