Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Главна тема во светските медиуми е трансферот на Нејмар од ПСЖ во Барселона. Тие договорија намалена парична сума, па во трансферот вклучија неколку фудбалери, кои се вишок.
Сепак, освен тоа Барселона се обидува да најде решение на позицијата на лев бек, кадешто треба замена за Алба.
Тренерот Ернесто Валверде бара некој кој би можел да заигра веднаш во почетниот тим, а мета беше Жуниор Фирпо.
Бетис требаше да го продаде Барселона за помала сума од 50 милиони евра, но сепак нема да има ништо од тоа, а главен виновник е првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси, кој го стопираше трансферот.
Наводно, уште во 2012 година тој фудбалер го навредил Меси, кога му кажал дека сака да му ја скрши ногата, па поради тоа Аргентинецот спречи да се реализира трансферот.