Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ синоќа ремизираше 1-1 против Нирнберг, а во тимот не беше незадоволниот Нејмар, кој едвај чека да го напушти францускиот шампион летово.
Сепак, тоа нема да се случи толку лесно, а најверојатно за тоа е свесен и самиот фудбалер. На таа тема зборуваше и тренерот Томас Тухел.
Медиумите шпекулираат за потенцијалните наследници на Нејмар, а Тухел тоа го демантираше. Тој кажа дека не разговарал неодамна со Осман Дембеле од Барселона.
„Не може да измислуваме факти. Јас разговарав уште пред една година на телефон со него, што значи тоа не се случи неодамна“, вели Тухел.
Поради тоа медиумите пишуваат дека Нејмар останува во клубот доколку понудата на Барселона повторно го вклучува Дембеле, зашто очигледно Тухел не е заинтересиран за него.