Милан напаѓаше, но Бенфика на крајот среќно стигна до победа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бенфика во ракмите на Интернационалниот куп на прваци одигра натпревар против Милан и славеше со 1-0.

Првакот на Португалија нешто подобро го отвори мечот и имаше добри прилики во 6. и 9. минута, но Силва и Тарабт беа непрецизни.

Милан потоа заигра многу подобро и во 17. и 18. минута имаше двојки одлични шанси, но Чалханоглу и Кастељехо овој пат не успеаа да постигнат гол.

После тоа Росонерите имаа уште неколку изгледни прилики, но секој пат играчите на Милан беа непрецизни, па на полувреме резултатот беше 0-0.

Во продолжениете Харис Сеферовиќ се закани во 47. минута, но Реина одлично реагираше.

Сепак, во 70. минута Адел Тарабт после еден корнер погоди за водство од 1-0. Топката погоди некој од играчите на Милан и заврши во мрежата на Росонерите.

Лукас Биља и Пјатек имаа шанси за израмнување во 84. и 85. минута, но не успеаа во тоа, па натпреварот заврши со победа на Бенфика од 1-0.