Нов доказ дека Ромелу Лукаку заминува од Манчестер Јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер заедно со експедиција составена од 26 фудбалери на Манчестер Јунајтед денеска летна за Осло каде утре ќе одигра натпревар со Кристијансуд.

Во составот најзабележително беше тоа што го немаше Ромелу Лукаку што е уште една индиција дека белгискиот репрезентативец е се поблиску  до заминување од клубот.

Освен Лукаку во тимот го нема ниту Матео Дармијан кој исто така веројатно ќе си замине во последните десет дена од преодниот рок.

Се шпекулира дека робусниот напаѓач бил во тренажен процес и дека бил подготвен за игра, па јасно е зошто Солскјер се решил да го остави во Манчестер.