Шокантни вести за Солскјер и Манчестер Јунајтед: Ќе бидат без Бејли во следните пет месеци


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Ерик Бејли важеше за еден од најдобрите млади стопери кога пред три години пристигна во Манчестер Јунајтед од редовите на Вилјареал.

Сепак, неговиот напредок го спречија константните повреди, а кога се чинеше дека стави крај на истите по тешката повреда која го оддалечи од терените на крајот на минатата сезона дојде нов пех за репрезентативецот на Брегот на слоновата коска.

Имено, Бејли заработи повреда на коленото на пријателскиот дуел против Тотенхем, а денеска Солскјер потврди дека играчот имал операција и дека ќе отсуствува во следните пет месеци.