Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Францускиот фудбалер Лоран Кошчиелни после девет години го напушти Арсенал и се врати во татковината.
Уште по завршувањето на минатата сезона беше јасно дека Кошчиелни нема намера да остане во Арсенал. Во текот на припремите искусниот дефанзивец одби да тренира со тимот, а лондонскиот клуб на крајот му ја исполни желбата.
Како и што се најавуваше Кошчиелни кариерата ќе ја продолжи во Лига 1 во редовите на Бордо со кој денес потпиша договор.
Бордо трансферот го потврди на својата официјална страна, а целата зделка со оглед на тоа дека Кошчиелни имаше важечки договор со Арсенал според неофицијални информации ќе го чини Бордо осум милиони евра.
Кошчиелни во кариерата во Франција го носеше дресот уште на Гунингамп, Турс и Лориент.
Les supporters : "ANNONCE @6_LKOSCIELNY" !!!
Le CM : ?
Bienvenue Laurent ? pic.twitter.com/3op22QAzu1
— FC Girondins de Bordeaux (@girondins) August 6, 2019