Нов пресврт во Милано: Интер донесе нова одлука за Икарди


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интер е свесен за намерата на Мауро Икарди, па тие се во страв од евентуална тужба поради мобинг и можност да замине бесплатно од клубот.

Управата сака Аргентинецот да го напушти клубот, но го регистрираа за Серија А, но нема да биде на списокот за Лигата на шампиони. Меѓутоа, тоа остава можност Антонио Конте да го држи на клупата или да му даде шанса во некои дуели, за да се избегне правилото дека фудбалерот може да замине доколку одигра помалку од 10% од натпреварите, а повредата не е причина.

Интер се обезбеди, па преговара со Манчестер јунајтед за Ромелу Лукаку, но стигнаа до 74 милиони евра, а тоа е неприфатливо за премирелигашот.

Останува да видиме што ќе се случи со иднината на Икарди и дали Интер би прифатил понуда од Јувентус доколку пристигне во следниот период.