Мареј пред седум месеци за малку ќе заминеше во пензија, а сега се враќа во сингл-конкуренција


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Енди Мареј ќе се врати на тениските терени во сингл-конкуренција на турнирот во Синсинати, седум месеци по операцијата на колкот, која го натера да размисли да се повлече од тенисот.

Мареј, кој во моментот е 325. тенисер на АТП-листата, доби посебна покана од организаторот за да учествува на турнирот.

Тенисерот успешно се врати на натпреварувањата по операцијата на колкот, но досега играше само во парови и тоа на турнирите во Квинс и во Торонто.

„Такво е чувството кога ќе добиете посебна покана да играте во сингл-конкуренција во Синсинати“, објави Мареј на социјалните мрежи, а во првото коло го очекува меч против Ришар Гаске.