Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Авантурата на Најџел Де Јонг во МЛС лигата брзо се заврши и тој кариерата ќе ја продолжи во Турција.
Енергичниот Холанѓанец со суринамско-индонезиско потекло потпиша денеска двегодишен договор со Галатасарај.
Во првото обраќање на медиумите призна дека на Босфор дојде по иницијатива на својот другар од репрезентацијата Весли Снајдер и тренерот Рикеринк.
Тоа ќе му биде шеста дестинација во кариерата после матичниот Ајакс, ХСВ, Манчестер Сити, Милан и Лос Анџелс Галакси.
Де Јонг запиша 81 настап за репрезентацијата на Холандија досега, беше член на националниот тим на претходните два Мундијали на кои „Орање“ го завзеде второто и третото место.
Во Галата ќе го носи дресот со број #34, рече дека тоа му е омилениот број бидејќи идол во деството му бил Чарлс Баркли.
Додаде и д ека најмногу сака да го викаат Кинг Конг, иако поради стилот на игра во медиумите најчесто го нарекуваат „Пит Бул“ и „Косач“.
De Jong: NBA star Charles Barkley was my idol since I was a child, that’s why I have chosen number 34. pic.twitter.com/QKB9HgnFl6
— Galatasaray EN (@Galatasaray) August 31, 2016
King Kong De Jong. pic.twitter.com/x1fHz4dgOn
— Galatasaray EN (@Galatasaray) August 31, 2016