Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Повеќе нема дилеми, клубовите се договорија, потписот стигна по факс, играчот ќе игра таму каде што и сакаше!
Хуан Квадрадо останува во Јувентус, и минатата година играше на позајмица, и оваа, но со обврска за откуп, ако одигра доволен број на мечеви.
Тој сакаше само во Јуве, иако Конте сакаше да го задржи во Челси. Италијанскиот шампион ќе плати пет милиони евра за позајмица и уште 20 за откуп на крајот на сезоната.
Макс Алегри беше многу загреан за Колумбиецот да остане, постигнуваше важни голови, а може да игра на повеќе позиции по десната страна во повеќе системи.
Конте не сакаше да го пушти, но Колумбиецот инсистираше да остане во Јувентус, па клубовите се договорија.
Неговото заминување значи веројатно и заминување на Лихштајнер кој е во војна со клубот кој не сака да го пушти во Интер.
Стигна во ова лето и Дани Алвеш, па Квадрадо ќе се бори со него за место во тимот.
Покрај тоа, во формација 4-3-3- тој може да игра и офанзивно, како деснокрилен напаѓач, токму поради тааа прилагодливост Алегри сака да биде во тимот и во оваа сезона.
До полноќ за Јуве ќе потпише и Аксел Витсел, а од клубот, освен Лихштајнер може да оди и Ернанес, Јувентус пробува да го позајми на Џенова поради тоа што играчот одби да оди во Кина.