Монако си најде замена за Фалкао и тоа во Шпанија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Монако денеска потврди дека Висам Бен-Једер е нивно најново засилување, а Французинот е платен 40 милиони евра.

Овој 29-годишен напаѓач доаѓа во Монако за да биде наследник на искусниот Радамел Фалкао, кој е блиску до заминување од клубот.

Тука не заврши соработката меѓу Севилја и Монако, па клубот од Шпанија го донесе Рони Лопез.

Младиот Португалец беше член на Монако од 2016 година, а претходно настапуваше во Манчестер сити, но не доби шанса во првиот тим, туку беше дел од академијата.

Талентираниот Лопез игра на позицијата десно крило, а уште не е познато колку пари платила Севилја за неговите услуги на Монако.