Барселона со пораз ја започна одбраната на титулата во Шпанија (Видео)


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Екипата на Барселона претрпе пораз на првиот натпревар во сезоната откако  Атлетик Билбао ги победи со 1:0.

Стрелец на единствениот гол беше искусниот Ариц Адуриц кој влезе во 88. минута и по само една минута успеа да постигне погодок, и тоа каков.

Стариот мајстор Адуриц го постигна првиот гол во новата сезонаво Ла Лига, и слободно може да се каже дека овој гол ќе конкурира за еден од најубавите во целата сезона.

38 годишниот фудбалер  на маестрален начин, во ножички успеа да го матира Марк Андре Тер Штеген.