Ѓоковиќ загуби од Медведев во полуфиналето на Синсинати


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во финалето на АТП-турнирот во Синсинати, откако загуби од Данил Медведев со 6-3, 3-6 и 3-6.

Ѓоковиќ го бркаше 50. настап во Мастерс-финале, но рускиот тенисер беше подобар во три сета, а тоа значи и дека српскиот тенисер загуби повеќе од 600 бода и на новата АТП-листа, Рафаел Надал ќе ја намали негативата.

„Да бидам искрен, не знам како го направив тоа. Бев толку многу изморен по првиот сет што мислев дека нема да можам да го издржам темпото против Ѓоковиќ. Потоа се освестив и почнав да игра неверојатно“, порача Медведев.

Гофан против Медведев од 22 часот ќе го играат финалето.