Франк Рибери утре пристигнува на лекарски прегледи и потпишување на договорот

Францускиот фудбалер Франк Рибери го напушти Баерн Минхен на крајот на минатата сезона откако му истече договорот.

Рибери ги помина најдобрите денови од својата кариера во дресот на Баерн и освои се што можеше. Но, по 12 години реши дека нема да го продолжи договорот и тој стана слободен играч ова лето.

Иако започна сезоната во повеќето лиги, овој 36-годишен фудбалер сè уште не најде клуб. Сепак, како што стојат работите, ова ќе се промени деновиве.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Рибери договорил сè со Фиорентина и дека ќе ја продолжи кариерата во овој клуб. Познатиот новинар Џанлука ди Марцио објави дека Рибери утре доаѓа на лекарски преглед и потоа ќе потпише двегодишен договор.

Рибери ќе заработува четири милиони евра годишно во Фиорентина со бонуси од 500.000 вра за двете сезони.