За неверување: Погледнете кој тим од Серија А заработува најмногу од спонзорствата на дресовите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ го откри тимот кој заработува најмногу од спонзорскиот договор кој секој клуб може да го поптише и со тоа на своите дресови да рекламира некоја компанија.

Во првите шест тимови кои заработуваат најмногу очекувано се великаните Јувентус, Милан, Рома, Интер и Наполи, но ниту еден од нив не е на врвот.

Најмногу во моментов заработува Сасуоло кој годишно инкасира 18 милиони евра по сезона од компанијата „Мапеи“.

Јувентус од „Џип“ добива 17 милиони евра, Милан од „Емирејтс“ 14 милиони, исто толку добива и Рома од „Катар“ и „Хјундаи“, а десет милиони добива Интер од „Пирели“.