Откриено зошто Лампард го „избрка“ Луиз од Челси!?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


По вчерашниот меч на Давид Луиз против Ливерпул, навивачите на Челси може да здивнат.

Многумина ги изненади трансферот на Луиз во последниот ден од преодниот рок, кој се пресели во Арсенал за сума од 10 милиони евра.

Англиските медиуми откриваат што се случило меѓу тренерот на Челси, Франк Лампард и Луиз. Тие се скарале по пријателскиот меч против Салцбург, кој „сините“ го добија со 5-3.

Новиот тренер го критикувал Луиз поради катастрофалниот настап против Салцбург, па уште тогаш било јасно дека Бразилецот нема иднина во Челси.

Навивачите во почетокот беа лути на Луиз, но по вчерашниот настап на Бразилецот двапати ќе размислат.