Паролата на ултрасите на Рома говори дека Џеко постапи правилно


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Един Џеко ја започна новата сезона одлично, што не може да се каже и за Рома која три пати водеше, но на крај не успеа да ја победи Џенова.

Во многу ефикасен меч постигнати беа шест гола, а конечниот резултат гласеше 3-3.

Во очи на почетокот на натпреварот, Ултрасите на Рома на јужната трибина на Олимпико истакнаа парола која го потврди потегот на Џеко од пред неколку дена во однос на капитенската лента.

Откако го продолжи договорот со римскиот клуб, Џеко откри дека Алесандро Флоренци пред потписот му ја понудил и капитенската трака, меѓутоа капитенот на босанската репрезентација на тоа му се заблагодари.

Дека Џеко постапи правилно покажува и паролата на Curva Sud.

„Напред со традицијата дека капитенската лента му припаѓа на Римјанин, со капитенот Флоренци“, порачаа најжестоките навивачи на Рома.

Пред Флоренци капитени на Рома беа Даниеле Де Роси и Франческо Тоти кои исто така се родени во Рим.