Тотенхем доведе голман од Шпанија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За Тотенхем потпиша голманот од Еспањол, Пау Лопез.

Лопез потекнува од школата на каталонскиот тим Еспањол, а за првиот тим прв пат дебитираше во 2014 година.

Од тогаш па до денеска тој беше чувар на мрежата на шпанскиот прволигаш, а во Тотенхем ќе го носи дресот со бројот 30.

Тој ќе биде трет голман, моментално втор бидејќи Љорис е повреден.

Инаку да напоменеме дека од Еспањол во Тотенхем доаѓа на едногодишна позајмица.