Икарди во последен момент се сели во Шпанија!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уште малку време остана до крајот на преодниот рок, а Интер не се ослободи од Мауро Икарди, кој наводно барал од клубот да остане.

Икарди со тужба бара 1,5 милиони евра отштета и сака да се врати на тренинг, но Интер има план да го продаде, а досега се шпекулираше дека може да се пресели во неколку гиганти.

Неговите потенцијални трансфери во Јувентус и Наполи пропаднаа, па потоа се појави Атлетико Мадрид како опција, а најнов заинтересиран клуб за него е Валенсија.

Сепак, „Газета дело Спорт“ смета дека мали се шансите да се случи тоа, со оглед на тоа дека желбата на Икарди е да игра во Серија А, а во моментов приоритет му е Интер.