Официјално: Монтела го повика на телефон, го промени правецот и стигна во Милан!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Росонерите го ангажираа Чилеанецот на само час време пред крајот на рокот.

Мати Фернандез е нов фудбалер на Милан!

Имено, фудбалерот на Фиорентина беше на пат за Сардинија, требаше да потпише за Каљари, но повикот на неговиот поранешен тренер Монтела промени се.

Монтела го убеди дека ќе добие шанса, а на Сан Сиро доаѓа на едногодишна позајмица со право на откуп по истекот на тоа.

Јужноамериканетот, кој во Фиорентиан пред четири години стигна од Спортинг е офанзивен играч за врска, но „Аеропланино“ ќе му ја промени улогата.

Тој има намера Чилеанецот да го врати на местото дефанзивен играч за врска каде што ќе дели како плеј минутаѓжа со Монтоливо.

Матијас Фернандез е последно засилуваање на Милан во овој преоден рок, денеска Галијани проба да го доведе Гарај од Зенит, но Русите одбија Аргентинецот да го пуштат на позајмица.

.