Новинар се „правеше паметен“ и постави апсурдно прашање, Ибрахимовиќ во свој стил го „закопа“ (ВИДЕО)

Сите знаете дека Златан Ибрахимовиќ никогаш немал „влакна на јазикот“, па често низ својата кариера имаше неверојатни изјави.

Легендарниот Швеѓанец во Лос Анџелес го пречекаа голем број навивачи, но и новинари кои сакаа да се фотографираат со него, а еден од нив реши да се „направи паметен“.

Новинарот го праша што мисли Ибрахимовиќ за трансферот на Даниеле де Роси во Бока Јуниорс, а тоа би имало малку смислам зашто напаѓачот не е поврзан никако со нив.

Популарниот Ибра се изнервира, па имаше подготвен одговор и го „закопа“ новинарот.

„Сакаш да се сликаш или не?“, праша Ибра и продолжи по својот пат.