Манчестер сити во јануари тргнува во „напад“ на ѕвезда на Интер!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најдобрите потези на Интер во минатиот период беше ангажирањето на Милан Шкрињар од Сампдорија.

Шкрињар на крајот на минатата сезона потпиша нов договор со Интер, кој важи до 2023 година, но можеби ни тоа нема да помогне да остане во Милано.

Наводно, „граѓаните“ и ова лето се обиделе да го ангажираат Шкрињар, но не успеале во своите намери, но „Калчомеркато“ сега тврди дека во зима тие повторно ќе се обидат да го купат дефанзивецот.

Тренерот Пеп Гвардиола сака да го види Шкрињар во срцето на одбраната на Сити, па ќе биде интересно да се види дали Интер во јануари ќе одолее на понудите на „граѓаните“.

Инаку, Сити остана без Емерик Лапорт, кој се повреди и уште сега тие се очајни за ново засилување во одбраната.