Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Европскиот шампион Вардар вчера загуби во мечот од второто коло на СЕХА-лигата против Мотор Запорожје.
Вардарци имаа шанса да освојат барем бод во средбата, но Иван Чупиќ промаши пенал на крајот, па Мотор славеше со 32-31.
Дури и домаќините признаа дека најправеден резултат на средбата требало да биде реми, но тренерот на Вардар, Давид Писонеро вели дека големиот број на грешки скапо ги чинеле на крајот.
„Имавме големи проблеми во одбраната. Не очекувавме да го загубиме мечот со Мотор, иако очекувавме тежок натпревар. Во првото полувреме не ја игравме нашата игра, па поради големиот број на грешки ние го загубивме натпреварот“, порача Писонеро.