Манџукиќ ги одбил милионите кој му ги понудил српскиот тренер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ не сакаше да го напушти Јувентус.

Скоро во цел преоден рок името на Манџукиќ се поврзуваше со заминување од Јуве, меѓутоа на крај не се случи ништо.

Манџукиќ ризикуваше и на крај остана во Јувентус, барем до зимата, а медиумите во Италија во меѓувреме откриле една од милионските понуди кои претходните недели ги имал Манџукиќ на маса.

Искусниот фудбалер сакал да биде ангажиран од страна на катарски Ал-Гарафа, кој го води српскиот тренер Славиша Јокановиќ. Газета дело Спорт наведува дека клубот од Катар го контактирале Јувентус со понуда, кој според наводите веднаш била прифатена, но трансферот го стопирал Манџукиќ кој не сакал да оди во Катар.

Наводно Ал-Гарафа му понудиле на Манџукиќ повеќе од 5 милиони евра по сезона.

Ал-Гарафа исто така се интересирале и за Игнацио Абате, но и тој ја одбил понудата.