Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лионел Меси вечерва би требало да заигра по првпат сезаонава и тоа во дуелот на Барселона против Борусија Дортмунд.
Каталонскиот клуб новата сезона во Лигата на шампиони ја отвора со тешкото гостување кај Дортмунд, но прд мечот навивачите добија одлични вести, зашто Меси се врати во тимот.
Меси се повреди на петти август и не настапуваше во дресот на Барселона уште од минатата сезона, па Аргентинецот ги пропушти подготовките и четири меча во Ла Лига.
Аргентинецот на почетокот на следниот месец ќе носи посебни копачки, кои за него специјално ги креираше Адидас, со кој соработуваат 15 години.
Во таа чест Меси ќе добие посебни златни копачки, а во нив би требало да заигра на почетокот на октомври.