Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го имаше своето официјално деби за тимот на Наполи во најелитното европско натпреварување, Лигата на шампионите.
Елмас дебитираше на дерби пресметката која неговиот Наполи ја доби против актуелниот европски шампион, Ливерпул со 2:0.
Во првиот дел видовме тактичка игра и надмудрување меѓу двата големи тренери, а головите беа постигнати во финишот на средбата.
Дрис Мертенс реализираше удар од белата точка во 82. минута од натпреварот, а точка стави Фернандо Љоренте со гол во 92. минута.
Нашиот Елмас шанса доби при резултат 0:0 кога во 75. минута влезе на местото на Алан.