Времето на Меси и Роналдо е при крај: Чави знае кој ќе биде најдобар во свет во иднина

Легендата на Барселона, Чави Ернандез никогаш не ја доби наградата за најдобар фудбалер во светот. Ја имаше таа несреќа да игра во период на доминација на Лионел Меси и Кристијано РОналдо.

Меѓутоа, Чави кажа дека знае кој ќе ги замени Меси и Роналдо, а на изненадување на многумина, легендарниот фудбалер смета дека тоа ќе биде Рахим Стерлинг од Манчестер сти.

„Меси и Роналдо со години доминираа и тешко дека е да се сетите на времето пред нив. За мене Меси е најдобар во историјата, иако и двајцата се активни фудбалери. Сепак, наскоро доаѓа крајот на нивната кариера, па некој треба да ги замени, а јас мислам дека тоа ќе биде Стерлинг“, кажа Чави.