Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Еурофарм Работник забележа нов, втор пораз во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
„Фармацевтите“ со 25:24 загубија на гостувањето во Шведска кај Савехов иако имаа огромна предност на полувреме.
Избраниците на Стефче Алушовски на пауза заминаа со предност од пет гола (15:10), но истата ја изгубија со катастрофалната игра во вториот дел.
Најпрецизен во редовите на Еурофарм беше Ловро Јотиќ со осум постигнати голови, додека со три натпреварот го завршија Бојан Маџовски и Милан Ѓукиќ.