Ноер ја напушта репрезентацијата?

Угледниот германски весник Bild објави дека Мануел Ноер наскоро би можел да стави точка на својата репрезентативна кариера.

Голманот на Баерн за националниот тим настапува од 2009 година, а претстоечкото Европско првенство за него најверојатно ќе биде и последно, бидејќи во иднина во план му е да се пензионира.

Информацијата ја пласираше и Bild, наведувајќи дека Ноер се посериозно размислува за повлекување од репрезентацијата, а на одлуката секако ќе влијае и тоа во какво форма ќе биде и наредниот период.

„Не сум сигурен дека ќе бранам после Европското првенство. Многу фактори ќе влијаат на тоа. Ќе видиме како ќе функционира моето тело и колку ќе бидам способен“, изјави Ноер.

Во меѓувреме Ноер се најде во центарот на вниманието на германската јавност и тоа поради недоразбирањето со заменикот Марк Андре тер Штеген. Голманот на Барселона, имено, изразил незадоволство поради својот статус во репрезентацијата и на тоа Ноер многу се налутил што стигнал до таа мера каде што јавно му сугерирал дека не треба тој да одлучува кој ќе биде на голот и дека со тоа тој покажал непочитување кон останатите голмани.