Првото засилување во Мајами доаѓа од Манчестер Сити!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


МЛС ќе добие уште еден клуб во 2020. Година, бидејќи во конкуренцијата влегува и Интер Мајами.

На чело на овој американски клуб е некогашната звезда на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам, кој има цел да доведе некои звучни имиња и да привлече доста посетители на стадионот во Мајами.

Мнозинство од играчи во последните месеци се поврзуваше со Мајами, но сега е познато и првото официјално засилување кое ќе дојде во Интер Мајами.

Според пишувањата на Independent, најверојатно првото засилување ќе биде искусниот шпански везен Давид Силва кој после оваа сезона ќе премине во Мајами.

33 годишниот Шпанец ќе го раскине договорот со Манчестер Сити на крајот од сезоната и до сега има нагласено дека оваа сезона ќе биде негова последна во Премиер Лигата, со што ќе биде завршено неговото 10-годишно играње на Етихад.

И покрај тоа што информираше дека ќе се врати во Лас Палмас, се поверојатно е дека ќе го гледаме во нов и интересен проект и околу него најверојатно Бекам би започнал да гради нов тим.

Се очекуваат и многу други големи имиња, а со текот на времето се повеќе ќе се појавуваат новости кога е во прашање Интер Мајами и познати имиња кои настапуваат во Европа.