Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По вчерашната победа на Интер против Милан со 2-0, тренерот Антонио Конте ги испрати фудбалерите, кои не играа во дербито на тренинг.
Додека едните славеа победа во соблекувалната и се тушираа, другите тренираа. Тоа открива каков тренер е Конте.
Работната навика го одликува италијанскиот тренер, кај кого дисциплината е најважна работа. Веднаш по пристигнувањето во Интер ја расчисти соблекувалната, па ги избрка незадоволните фудбалери – Икарди и Наинголан.
Таквите методи на работа се покажаа и со добри резултат. Во четири кола во Серија А има четири победи, но „сенка“ на тие резултати фрла ремито против Славија Прага (1-1) во Лигата на шампиони.