Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Американските медиуми пишуваат дека докторите на Клеј Томпсон му предложиле да земе пауза од две години поради тешка повреда на неговото колено.
Рехабилитацијата од повреда на лигаменти на колено може да трае долго, односно од девет до 12 месеци, меѓутоа многумина се нетрпеливи, па се враќаат порано на паркетот и повторно се повредуваат.
Токму од таа причина докторите го советуваа Томпсон да паузира две сезони, односно да почне да се натпреварува во сезоната 2021/22.
Томпсон има 29 години и е еден од најдобрите шутери во НБА-лигата, па има договор со Голден Стејт вориорс, а оваа повреда и тоа како ќе им направи проблеми.