Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Грешки се случуваат, порачуваат навивачите на Челзи после посрамотувањето кое го претрпеа.
Челзи во неделата на Стамфорд Бриџ го угости Ливерпул и беше поразен со резултат од 2:1, но навивачите на Плавите ќе се сеќаваат на тие 90 минути многу време.
Имено, тие по грешка го истакнаа транспарентот во чест на Еден Азар. Се работи за постаро знаме кое не било воопшто планирано за овој натпревар, и во целата организација дојде до несакана грешка, па поради тоа беше испратена погрешна „порака“.
Многу гледачи беа изненадени кога видеа дека навивачите на Челзи го подигнуваат транспарентот на кој пишува „Еден Азар“, кој веќе со месеци е играч на Реал Мадрид.
И покрај тоа што и понатаму е почитуван во Челзи, дефинитивно никој немаше план и намера да го воздигнува пред Ливерпул.
„Толку многу работа и труд се вложува во организирање на овие работи, па ова мораше да се случи еден ден. Не беше идеално, но ако ништо друго – можеме и сами себе да се насмееме“, порачаа навивачите на Челзи.
„Многу е комплицирано да се истражува како функционира целата постапка, но кога сфативме дека излегува погрешен натпис веќе беше прекасно да го прекинеме – нема да се повтори“, наведија тие.