Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот спортски директор на Милан, АДриано Галиани верува дека Интер ќе биде во конкуренција за титулата во Серија А, најмногу поради нивниот тренер, Антонио Конте.
„Нероазурите“ победија со 2:0 во дербито против Милан овој викенд и со тоа се зацврстија на лидерската позиција на табелата во Серија А.
„За дербито? Жал ми е како и на сите фанови на Милан, природно е кога ќе го загубите дербито како што загубија тие. Им бев спортски директор, им бев фан и останувам фан на Милан. Во првенството гледам три тима кандидати за титулата и тоа ќе е подобро од лани. Интер, Јувентус и Наполи се кандидати за титулата. Конте е одличен тренер и професионалец. Баш ми е криво што Интер има одличен тренер“ –истакна Галијани.