Вака ќе изгледа новиот стадион Сан Сиро


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Интер и Милан наскоро ќе добијат нов стадион.

Долгогодишниот дом на овие тимови, легендарниот Сан Сиро ќе отиде во историја, а стадионот со исто име ќе биде изграден во близина.

Новиот стадион ќе биде изграден во стакло и ќе има апсолутно се што е потребно за еден современ стадион, но и многу повеќе од тоа што другите стадиони го немаат.

Сан Сиро ќе има 60.000 места за седење, а неговата изградба ќе биде инспирирана од градската катедрала, а наскоро клубовите ќе го откријат комплетниот изглед.

Актуелниот стадион е во употреба од 1926. година и има капацитет од 80.000 места за седење, но дојде време за промени и нов-современ стадион.