Реал Мадрид на врвот во Ла Лига по победата против Осасуна, прв гол за новото засилување Родриго (Видео)

Екипата на Реал Мадрид се издвои на врвот во Ла Лига по вечерашната победа од 2:0 против Осасуна.

Избраниците на Зинедин Зидан одиграа доволно за нова победа, трета по ред во шампионатот на Шпанија.

Стрелци на погодоците за „кралевите“ беа младите Бразилци, Винисиус Жуниор и Родриго. Ова за Родриго беше прв гол на официјалното деби за клубот.