Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ФИФА повторно се најде во центар на скандал, откако утринава беше објавено дека некои капитени на репрезентации не гласале за Лионел Меси во изборот за најдобар фудбалер за 2019 година.
Меси во понеделникот ја доби наградата за најдобар фудбалер во светот во 2019 година и во конкуренција ги победи Вирџил ван Дајк и Кристијано Роналдо. Но, утринава се случи голем скандал кога се огласија некои од капитените.
Прво обвинувања пристигнаа од Египет, а потоа се јавија селекторот на Судан, Здравко Логарушиќ и Хуан Барера, кои тврдат дека Меси не бил на нивната листа.
Меѓутоа, од ФИФА порачаа дека тоа не е точно и дека гласањето било по правилата.
„Ги проверивме документите за гласање од Никарагва, Судан и Египет. Сите документи се потврдени и потпишани од страна на тие Фудбалски сојузи. Гласовите кои ги објавивме се тие што ни ги испратиле. Се молат Сојузите да проверат да не имаат некои неправилности кај нив“, порачаа од ФИФА.