Мурињо одби уште еден гигант – не сака да се врати во Португалија!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Контроверзниот тренер Жозе Мурињо минатата недела одржал состанок со Фредерик Варандас, претседателот на Спортинг Лисабон, но одбил да биде повторно тренер во Португалија.

„Лавовите“ му дадоа отказ на Марсел Кајзер, па привремен тренер е Леонел Понтес, но тој нема да биде промовиран до крајот на сезоната.

Клубот од Лисабон имаше неколку идеи, некои од нереалните беа Алегри, па Марко Силва, Леонардо Жардим, а се споменуваа и Витор Переира и Руи Жорж.

Но, Мурињо бил прва опција, но Португалецот ја одбил нивната понуда, па најверојатно чека повик од Баерн Минхен, откако демантираше дека планира да се врати во Реал Мадрид, кадешто работеше претходно.