Кирјос по казната од АТП порача: Опуштете се, тенисот и понатаму ќе биде интересен! (ФОТО)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Светската тениска асоцијација (АТП) го казни Ник Кирјос така што му даде уште една шанса пред да го суспендира од тенисот.

АТП почна постапка против контроверзниот Австралијанец, по катастрофалното однесување на турнирот во Синсинати, а покрај тоа беше казнет и со 25.000 долари.

Сепак, Кирјос не се грижи премногу, а пораката која ја објави на Инстаграм делува како да му е сеедно поради казната од АТП.

„Очигледно ќе мора во следните шест месеци да се однесувам најдобро што можам. И понатаму ќе играм, казната е условна. Опуштете се, тенисот и понатаму ќе биде интересен. Само ќе морам да внимавам како се однесувам“, порача Кирјос.