Го замени Мегваер во Лестер, а сега и тој се сели во Манчестер

Лестер Сити очигледно најде одлична замена за Хари Мегваер во името на турскиот репрезентативец, Чаглас Сојунчу.

Сојунчу пристигна на „Кинг Пауер“ минатата сезона, но не добиваше многу шанса за настап, а сега откако замина Хари Мегваер тој е прв избор на Брендан Роџерс во одбраната.

Турчинот уште од стартот на сезоната покажа одлични способности и сега според турските медиуми се наоѓа на радарот на Манчестер Сити. Пеп Гвардиола не е задоволен од тоа со што располага во последниот ред од одбраната и во летниот преоден рок ќе тргне по 23 годишниот фудбалер.