Додека Касемиро го играше дербито во Мадрид, неговото семејство поминало низ драма


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Во едно од најлошите дербиња во Мадрид во последните неколку години, Атлетико и Реал ги поделија бодовите, откако одиграа 0-0.

При влегување во соблекувалната на „Ванда Метрополитано“ по последниот судиски свиреж катастрофални вести прими Касемиро.

Според шпанските медиуми додека Бразилецот настапувал на дербито, крадци му влегле во домот, кадешто се наоѓале неговата жена и ќерка.

Првите информации се дека тие две се чувствуваат подобро, меѓутоа крадците успеале да ја ограбат нивната куќа.

Во последно време чести се грабежите на познатите фудбалери во Мадрид, а овој пат на ред стигна бразилскиот фудбалер.

Шпанските клубови веќе ги предупредија своите фудбалери да не објавуваат на социјалните мрежи како изгледа внатрешноста од нивните домови.