Повредата е минато: Ѓоковиќ го „скрши“ Попирин и се врати во голем стил!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ успешно се врати на теренот по повредата на рамото, кој го мачеше на Ју-Ес Опен, поради која мораше да се откаже предвреме.

Најдобриот тенисер во светот во првото коло на АТП-турнирот во Токио славеше против Алексеј Попирин со 2-0 во сетови (6-4 и 6-2) и така покажа дека повредата е зад него, поради која многумина се сомневаа дека ќе ја пропушти цела сезона.

Во првиот сет бееш забележана поголема борба, но Ѓоковиќ во финишот успеа да го скрши отпорот на противникот. Србинот имаше пет брејк топки, а на последната конечно поведе со 6-4 и потоа славеше со 6-4.

Во вториот сет Србинот имаше полесна работа, па со 6-2 успеа да го овои сетот и да слави на натпреварот.